Top Sport

„Пеналдо“ на „Ноу Камп“, Јунајтед веќе губат со 2:0!

Кристијано Роналдо го „прослави“ враќањето на „Ноу Камп“ со гол од пенал за Јувентус да поведе со 1:0 против Барселона во дербито на последното коло од Лигата на шампионите, додека надежите на Манчестер јунајтед дека можат да „преживеат“ во Лајпциг се намалија, откако по само 13 минути игра губат со 2:0 од РБ Лајпциг.

Роналдо беше соборен во шестнаесетникот во 11-тата минута, по што беше сигурен од белата точка за повторно да ги исфрустрира навивачите на Барса. Вестон Меккени во 20-тата минута им донесе водство од 0:2 на „бјанконерите“ со апсолутно прекрасен гол.

Во Германија пак, Јунајтед е во големи проблеми, губи со 2:0 од Лајпциг, а потребно им е реми за осминафинале. Само што започна натпреварот, Шпанецот Анхелињо, инаку позајмен фудбалер од Манчестер сити, им даде прекрасен гол во втората минута, за истиот фудбалер во 12. минута да му асистира на Амаду Хајдара за 2:0.

Scroll to Top