Top Sport

Пенант се правда: Не сум порно ѕвезда (галерија)

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Арсенал, Џермејн Пенант се налути на тврдењата дека учествувал во „веб-кем“ секс-сесија со неговата атрактивна сопруга Елис Гудвин.

Тој вели дека обвинувањата можат да имаат сериозно влијание на неговиот семеен живот и најави дека ќе ја „исправи“ ситуацијата во својата авто-биографија.

„Тоа што ме нарекоа порно-ѕвезда и ме ставија на насловните страници е вистинска шега. Проблемот е што некои луѓе навистина ќе поверуваат дека сум во порно-индустријата. Јас немав совршен живот и во мојата книга ’Ментал’, јавноста ќе дознае за многу работи, но не сум, ниту некогаш сум бил порно-ѕвезда. Јас сум оженет човек и живеам со мојата сопруга и мојата паштерка. Нашите адвокати ги вршат сите работи, бидејќи ако сум лесна мета, тоа не значи дека мора да се пишува така за мене“, вели Пенант.

Написите дојдоа откако се појави видео од 35-годишниот Пенант и неговата 32-годишна сопруга Елис Гудвин на веб-сајтови на кои се наплатува по 6 фунти по минута. Пенант се раздели од свршеницата Лара Марфи, која му роди син, за да се ожени со Елис во мај 2014 година.

Кариерата на Пенант имаше неславен крај, откако негов последен клуб беше Билерикеј таун надвор од првите четири англиски лиги.

Scroll to Top