Top Sport

Пеп го најде својот напаѓач? Сити преговараат со Ривер за Алварез

Манчестер сити преговараат со аргентинскиот гигант Ривер Плата за трансфер на нивниот напаѓач Хулијан Алварез, во кого Пеп Гвардиола гледа решение за неговиот напад, и се обидува да ги земе пред градските ривали Манчестер јунајтед и италијанските Милан и Јувентус кои подолго време се заинтересирани за напаѓачот, јавува „Скај спортс“.

Се верува дека во договорот на Алварез со Ривер, кој трае до декември 2022 година, има клаузула за трансфер од 20-тина милиони евра, сума која не претставува проблем за Манчестер сити.

21-годишниот Алварез, кој веќе има 5 настапи за сениорската репрезентација на Аргентина и има постигнато 36 гола и 25 асистенции во 96 настапи за првиот тим на Ривер Плата.

Scroll to Top