Top Sport

Пеп го потврди трансферот на Серхо Гомез од Андерлехт

Манчестер сити ќе потпишат договор со шпанскиот дефанзивец на Андерлехт, Серхио Гомез, потврди Пеп Гвардиола, потврдувајќи дека е најдено решение на позицијата на лев бек по трансферот на Олександер Зинченко во Арсенал.

21-годишниот Гомез, кој на почетокот на кариерата играше како фудбалер од средниот ред, за потоа да се префрли во одбраната, ќе се натпреварува за место во првиот тим, откако импресионираше во Андерлехт под водство на поранешниот капитен на Сити, Винсен Компани.

„Се работи за млад талентиран фудбалер од академијата на Барселона, кој замина во Борусија Дортмунд, но откако немаше многу минути, лани доби шанса од Компани. Играше добро и затоа решивме да го донесеме тука“, изјави Гвардиола.

Според британските медиуми, Сити ќе платат 11 милиони фунти за Гомез.

Scroll to Top