Започна битка во Англија – кој клуб прв ќе дојде до потписот на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен.
Иако делуваше дека речиси се е завршено и тој ќе биде ново засилување за шампионот во Премиерлигата, Ливерпул, сепак во играта се впушти и Манчестер Сити.
Цената наводно е 30 милиони евра, но главниот адут на Клоп е што со Алкантара соработуваше и во Баерн, а претходно и во Барселона.
Алкантара има уште една година од договорот со Баварците и јавно порача дека сака да ја смени средината.
Ливерпул ги запре преговорите сакајќи најпрво да ги среди своите редови, но тоа може да го искористи Сити. Гвардиола во Алкантара гледа замена за Давид Силва кој се пресели во Лацио.
Тијаго во Минхен е од 2013 година и во Баерн прерасна во еден од најдобрите плејмејкери во Европа.
За клубот од „Алијанц Арена“ одигра 232 меча и постигна 31 гол.