Top Sport

Пеп инсистира дека не бара одмазда против Реал Мадрид

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека неговиот клуб не е мотивиран од „одмазда“ против Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите утре на „Сантијаго Бернабеу“.

Втора сезона едноподруго, двата клуба ќе се сретнат во полуфиналето, откако лани по 4:3 победата во Манчестер и 1:0 водство во Мадрид, примија три гола во финишот на мечот. Во Мадрид, Пеп постојано беше прашуван за потенцијалната одмазда.

„Не сме тука за одмазда. Тоа би било голема грешка. Игравме многу добро лани во Манчестер и бевме добри тука, но тоа не беше доволно. Тоа што се случило во минатото останува во минатото. Лани додјовме тука да победиме, но не можевме бидејќи игравме против Реал Мадрид, кои секогаш знаат што е потребно. Еден ден ќе ја освоиме оваа титула, а за да го направиме тоа треба да ги победиме Реал Мадрид, бидејќи тие се најдобрите во ова натпреварување, што го покажаа последните 20 години“, вели Гвардиола.

Scroll to Top