Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласува со Жозе Мурињо дека „класата не се купува“, но инсистира дека неговиот клуб не покажал непочитување кон Манчестер јунајтед во документарниот филм „Сѐ или ништо“ на Амазон.
Документарецот, во кој се опишува патот на Сити до рекордната титула минатата година, го навлече бесот на Мурињо, но и на дел од навивачите на Јунајтед поради „негативноста“ кон неговиот клуб. Гвардиола вели дека не е така.
„Се согласувам со Жозе, класата не се купува. Имавме една неверојатна сезона лани, и тука беа камерите. Филмот беше за нас, и не се согласувам дека не покажавме почит. Тоа не беше нашата намера, туку само да се документира што се случува. Ние сме клуб што се обидува да расте, да освојува титули како другите големи клубови на светот и го направивме тоа за нашите навивачи. Околу класата, дефинитивно се согласувам, тоа не се купува“, изјави Гвардиола по 6:1 победата над Хадерсфилд.