Top Sport

Пеп: Не му верувам на Клоп

Пеп Гвардиола вели дека не му верува на Јирген Клоп кога менаџерот на Ливерпул вели дека тие не размислуваат за борба за титулата во Премиерлигата.

Манчестер сити на Гвардиола имаат 9 поени предност на врвот на табелата, но Ливерпул може да дојдат на 6 поени ако ги победат Лидс во одложениот меч кој треба да се одигра на 23 февруари. „Црвените“ исто така можат да ја намалат предноста кога ќе гостуваат на „Етихад“ во април и Гвардиола вели дека мора да бидат совршени да ја освојат титулата.

„Не сум сигурен дека сме во позиција да ги стигнеме. Имаме шанса и ќе се обидеме, но најважно е да имаме добра сезона“, изјави Клоп во четвртокот по победата над Лестер.

Пеп одговори директно.

„Не му верувам! Да бевме во нивна позиција ќе се боревме и ќе знаевме дека е можно. Секако дека тој верува дека може да дојдат до титулата. Во фудбалот многу работи може да се случат. Знае дека треба да победи на многу натпревари, но и јас треба да победам на многу натпревари за да станеме шампиони“, вели Гвардиола.

Scroll to Top