Top Sport

Пеп незадоволен од 6:3 победата: Во ниту еден момент не бевме во контрола

Манчестер сити стигна до трета неверојатна победа со голема гол разлика (по 7:0 и 4:0) со 6:3 над Лестер во фантастичен меч полн со голови, но не беше задоволен, фалејќи го противникот и признавајќи дека во ниту еден момент не биле под контрола.

Ова беше деветта победа едноподруго за Сити со која имаат шест поени предноста на врвот на табелата.

„Беше вистински ролеркоустер, типичен меч за Боксинг деј со многу голови. За сите ова беше забавен меч, за нас важна победа, но навистина чудна. И на 4:0 во првото полувреме, кога тие ја имаа топката, некако доаѓаа во нашата третина и создаваа шанси. Беше отворено и на 4:0. Лестер се голем клуб со многу квалитет и тоа го покажаа во второто полувреме. Имаат врвен тим кој останува силен овие години, а во Брендан Роџерс имаат одличен менаџер“, вели Гвардиола.

„Боксинг деј“ не разочара – Сити и Лестер со гол-шоу, дури 22 голa на четири меча!

Scroll to Top