Top Sport

Пеп сака да стане селектор

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека сака да стане селектор на некоја репрезентација во својата кариера, бидејќи кариерата е „прекратка“ за да не се земат нови предизвици.

Оваа најава ќе ги загрижи навивачите на Сити, посебно бидејќи се работи за тренер кој освои 24 титули во својата кариера со Барселона, Баерн Минхен и Сити.

„Би сакал да бидам селектор на некој национален тим. Навистина би го сакал тоа. Сигурно ќе се случи бидејќи сега сум зафатен секој трет ден и би сакал да бидам малку посмирен, да играм повеќе голф, на пример. Порано или подоцна тоа ќе се случи ако добијам таква шанса“, изјави Гвардиола пред студентите на Универзитетот во Ливерпул.

Каталонецот вели дека ако имаш фудбалска кариера мораш да ги искусиш различните култури.

„Кога си фудбалер или тренер, ти патуваш постојано. На крајот на мојата кариера посебно. Живеев шест месеци во Мексико, бев во Катар, и сакав да ја запознаам арапската култура. Како менаџер живеев во Германија и сега тука. Научив германски јазик бидејќи беше невозможно да работам поинаку. Моето семејство не зборуваше ниту еден збор англиски, а сега зборуваат подобро од мене. Ги охрабрувам луѓето да патуваат, да искусуваат нови искуства. Фудбалската кариера е прекратка – еден ден ќе се разбудиш и ќе биде готово“, додава Гвардиола.

Scroll to Top