Пеп Гвардиола во среда ќе се врати во Англија, за овој викенд да ги предводи Манчестер сити по паузата од повеќе од три недели поради операцијата на грбот.
52-годишниот Гвардиола беше на „итна“ операција на грбот кај докторката Миреја Илуека во Барселона, по што пропушти два меча на Сити – победите против Шефилд јунајтед и Фулам под водство на неговиот заменик Хуанма Лилјо.
Гвардиола постојано беше во контакт со своите соработници, но се враќа за мечот против Вест хем во сабота, иако не е јасно дали ќе раководи од клупата или од трибините на „поудобно“ место.