Top Sport

Пеп: Сити ќе направат шпалир за шампионите Ливерпул

Манчестер сити ќе им оддадат почит на новокрунисаните шампиони од Премиер лигата, Ливерпул со шпалир пред дуелот на двете екипи на „Етихад“ во четврток, потврди менаџерот Пеп Гвардиола.

Ливерпул ставија крај на 30-годишното чекање за титула откако Сити загубија со 2:1 од Челси минатата недела, со што добија недостижна предност од 23 поени. Првиот меч како шампиони, тимот на Јирген Клоп ќе го има токму на стадионот на Сити, и Гвардиола вели дека ќе го направат вистинското.

„Секако дека ќе направиме шпалир. Ќе ги пречекаме Ливерпул кога ќе дојдат во нашиот дом на неверојатен начин. Ќе го направиме тоа бидејќи го заслужуваат“, вели Гвардиола.

Сепак, Каталонецот ги предупреди ривалите дека следната сезона Сити ќе се врати посилен.

„Во спортот секогаш живееш во иднината. Никогаш не гледаш на тоа што си направил, туку на тоа што треба да го направиш. Ние сме голем клуб и организација и ќе научиме од овој пораз и ќе ги надминеме проблемите“, додава Гвардиола.

Scroll to Top