Top Sport

Пепе со зборови го „нокаутира“ Џеко (Видео)

Фудбалерите на Порто, изборија пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите, откако во реваншот по продолженијата ја победија Рома 3:1.

Дуелот на „Драгао“ стадионот го реши ВАР-технологијата и прецизноста на Алекс Телез од белата точка, а го обележа дуелот помеѓу дефанзивецот на Порто, Пепе и напаѓачот на Рома, Един Џеко.

За разлика од многу ситуации кога тој се тркалал по тревата во обид да изнуди исклучување на противникот, Пепе овој пат не беше главен актер, туку тоа му го препушти на Џеко.

Репрезентативецот на БиХ, по една „сочна“ конверзација со Пепе, падна како покосен, иако на снимката добро се забележува дека нема интензитет во тој контакт.

Единствено имаше тешки зборови што можат да се прочитаат од усните на Пепе. По се биле толку остри што го фрлиле Џеко на тревата. Судијата Чакри со по жолт картон ги смири двајцата фудбалери.

Scroll to Top