Ветеранот, Пепе е еден од играчите кои го обележаа синоќешниот натпревар во Торино, Јувентус- Порто. Резултатски натпреварот им припадна на фудбалерите на Јувентус, но Порто излегоа како победници во осмина-финалниот двомеч.
38-годишниот Пепе одигра натпревар без грешка. Успеа да пресече 18 топки, целосно успеа да ги исклучи од игра Кристијано Роналдо и Алваро Мората, дури и кога Порто беа со играч помалку.
На социјалните мрежи се врти моментот кога Пепе го имитира Алваро Мората и неговиот обид да добие слободен удар.