Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе, влезе во остар напад на навивачите на „кралскиот клуб“, опишувајќи дека им недостасува ентузијазам во споредба со бурните навивачи на неговиот сегашен тим, турските шампиони Бешикташ.
Португалецот замина од Реал во јули откако во Мадрид освои три титули од Ла лига и три од Лигата на шампионите, но тоа не му пречеше да каже што му пречи.
„Можеби навивачите на Реал Мадрид нема да сакаат да го слушнат тоа, но од нив воопшто не се пренесуваше ентузијазмот. Фановите на Бешикташ се многу страсни. Кога ќе излезеш на теренот бучавата е толку голема што секогаш те удира“, вели 34-годишниот Пепе.
Атмосферата во турската престолнина е толку интензивна што кога РБ Лајпциг гостуваше во Лигата на шампионите, нивниот напаѓач Тимо Вернер побара да биде заменет бидејќи имал проблеми со вртоглавицата.
„Атмосферата е сосема поинаква. Во Турција луѓето навистина го сакаат спортот и размислуваат само за фудбалот. По натпреварите можеме да ја слушнеме бучавата на навивачите до раните утрински часови“, додава Пепе.