Ветеранот Пепе ќе се врати во својот поранешен клуб Порто. Бразилецот со португалски пасош, кој со Реал четири пати стана европски клупски првак, а ја освои и континенталната круна и со Португалија, од пред две недели е без клуб, откако замина од Бешикташ.
Според португалските медиуми, Пеп сигурно ќе се врати во Порто, ќе потпише договор до крајот на сезоната, а потоа ќе стави крај на својата исклучително успешна кариера.
35-годишниот дефанзивец последен пат дресот на Порто го носел во 2007 година кога за сума од 30 милиони евра се пресели во Реал Мадрид. За десет години со „кралскиот клуб“ ги освои сите важни трофеи во клупскиот фудбал.
Пепе успешно играше и за Бешикташ, но замина од Истанбул поради финансиските проблеми со кои се соочува клубот.
Пепе за репрезентацијата на Португалија има одиграно 103 натпревари.