Top Sport

Пепе се врати во Порто

Португалскиот репрезентативец Пепе по повеќе од една деценија се врати во екипата на Порто. Бразилецот со државјанство на Португалија со Порто потпишал договор до 2021 година, што значи дека на „Драгао“ ќе ја заврши кариерата.

„Пепе добредојде дома“, пишува на офивијалната страница на трофејниот клуб.

Во кариерата европскиот првак со Португалија, играл во Маритимо, Порто (2004-2007), Реал Мадрид и Бешикташ.

Пепе во 2007 година за 30 милиони евра од Порто замина во Реал. Со „кралскиот клуб“ освои четири трофеи во Лигата на шампионите.

Во 2017 година тој како слободен играч потпиша договор со Бешикташ. Турскиот великан го напушти он крајот на минатата година, бидејќи клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Scroll to Top