Дефанзивецот на Рома, Бруно Перес обвинет за возење во алкохолизирана состојба, откако го уништи своето „Ламборгини“ во раните утрински часови во понеделникот, иако за среќа не е повреден.
Според италијанскиот весник „Ла република“, тестот на здивот на Бразилецот открил дека тој имал 2 грама/литар во крвта, а дозволеното ниво е 0.5 грама. Тој остана без возачка дозвола и го очекува казна од најмалку 800 евра.
Ова е не првпат Бразилецот да има проблем со сообраќајот во римската престолнина – во ноември 2016 ја загуби контролата на изнајменото „Порше“ удирајќи во два столба. За ова доби казна од 48 евра.