Иако ривалството е луто, нервозно и на моменти ги надминува рамките на обичен фудбалски меч, во Шпанија го почитуваат и бон-тонот, откако претседателите на Реал Мадрид, Флорентино Перез и на Барселона, Жоан Лапорта, имаа традиционална средба пред големиот меч.
Во исто време, Карло Анчелоти и Чави Ернандез ги објавија своите состави – во тимот на Реал Мадрид нема големи изненадувања, додека Чави се реши а го пушти како стартер Френки де Јонг на местото на Гави.