Top Sport

Перез им ги крати платите на фудбалерите за дополнителни 10 отсто

Од фудбалерите на Реал Мадрид ќе биде побарано да се откажат од уште 10 отсто од своите плати за да се избегне на крајот на сезоната 2020/21 клубот да загуби 300 милиони евра.

Наместо да го следат примерот на Барса и да побараат фудбалерите сами да се откажат од дел од платите, „кралевите“ планираат да побараат од нив постојано намалување на платите од 10 отсто, слично како што се откажаа во март кога станаа јасни проблемите поради пандемијата на КОВИД-19.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез го преферира решението со постојано, а не привремено кратење на платите за да се осигура долгорочната финансиска сигурност на клубот. Реал предвидуваше да заработи 900 милиони евра од 2020/21, но оваа сума ќе биде поблиску до новата проценка од 616 милиони евра. Во април тимот се согласи на 10 отсто кратење на платите, а првпат по 40 години клубот не купи ниту еден фудбалер во летниот преоден рок.

Scroll to Top