Една недела траеше еуфоријата на „Сантијаго Бернабеу“ по победата над Барселона (2:0) во големото дерби. Бетис во неделата го спуштија „кралскиот клуб“ на земја и ја вратија Барса на челната позиција во Ла Лига.
По мечот во Севилја одговорноста за поразот ја презеде тренерот Зинедин Зидан, а влијателните шпански медуми ја отворија лицитацијата кога тој ќе добие отказ. Веќе и шпекулираат со името на неговиот наследник.
Влијателната „Марка“ тврди дека Зидан може да добие отказ наредниот вторник. Наводно Флорентино Перез му поставил услов да се пласира во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Реал ќе има тешка задача во реваншот против Манчестер сити, бидејќи о загуби првиот натпревар во Мадрид (1:2).
Перез на спискот имал две имиња.
Доколку се остварат најавите и Зидан добие отказ доколку не го елиминира Манчестер сити, тогаш прв пик на Перез би бил Маурисо Покетино кој е без работа од декември кога доби отказ во Тотенхем.
Еден друг тренер е во план доколку Зидан остане на позицијата до крајот на сезоната. Перез во тој случај би се обидел да го ангажира Масимилијано Алегри кој реши да одмори оваа сезона, а инаку е сеуште се наоѓа на платниот спискот на Јувентус.