Реал Мадрид ќе направат сѐ што е можно да донесат големи засилувања во летниот преоден рок откако Кристијано Роналдо замина од тимот, вети претседателот на клубот, Флорентино Перез.
По трите освоени европски титули во низа, рекордниот стрелец за Реал, Роналдо замина за 100 милиони евра во Јувентус, откако претходно и Зинедин Зидан си замина од тренерската позиција на „кралскиот клуб“, ставајќи крај на една ера на „Сантијаго Бернабеу“.
Навивачите на Реал, секако, сега очекуваат да се донесат нови ѕвезди во Мадрид, очекувајќи ги Еден Азар или Килијан Мбапе на „Бернабеу“, а Перез не сакаше да разочара и најави големи работи.
„Свесни сме од очекувањата кои ги има овој тим секоја сезона. Ние сме Реал Мадрид и сек в огаш сакаме повеќе. Ова е победнички тим со фантастични фудбалери. Имаме фантастичен тим, кој ќе биде засилен со нови, неверојатни играчи“, изјави Перез при презентирањето на Алваро Одриозола како фудбалер на Реал.
Одриозола дојде од Реал Сосиедад за 40 милиони евра, откако претходно ова лето Реал потпиша и со Андриј Лунин од Зорја Луханск и Винисиус Жуниор од Фламенго.