Претседателот на Реал Мадрид, Флоренино Перез, не престанува да го привлекува вниманието на шпанската и европската јавност. Перез во снимените разговори кои се појавуваат во јавноста ги навредува Икер Касиљас, Раул Луис Фиго, Кристијано Роналдо, членовите на генерацијата во која главни ѕвезди беа Емилио Бутрагењо и Санчиз.
Мета на Перез, во последната снимка е Месут Озил, кој во Реал пристигна по Светското првенство во 2010 година.
„Кога Озил дојде во Мадрид, актуелната девојка ја замени со друга од Милано. Беше со него се додека Мурињо не му кажа дека таа имала односи со сите играчи и тренери во Интер и Милан“, вели Перез во аудио записот.
„Озил имаше 21 година кога дојде кај нас. Имаше девојка, но бргу се запозна со ноќниот живот и го смени животниот стил. Ја остави девојката и ја замени со манекенка од Милано. Изнајмуваше авион, одеше во Милано да има се.с со неа и потоа се враќаше во Мадрид“, рекол Перез.