Top Sport

Перез зема нов кредит, Реал Мадрид ќе должи речиси 600 милиони евра!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да земе нов кредит за „кралскиот клуб“, но не за купување фудбалери, туку за реновирање на „Сантијаго Бернабеу“.

Според „Диарио Ас“, претседателот на генералното собрание на клубот на 23 септември ќе побара од 2.200-те делегати на Реал да му дадат „зелено светло“ за да побара кредит од 575 милиони евра, кој би се враќал во следните 35 години и средствата би се потрошиле за ставање на метална „обвивка“ на стариот стадион.

Со проектот не се предвидува зголемување на капацитетот на стадионот на европските шампиони. Според Реал Мадрид оперативниот приход за сезоната 2017/18 дојде до фантастични 750 милиони евра, и во оваа сума не е вклучена продажбата на некои фудбалери, како Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус за 100 милиони евра, така што не треба да се грижиме дали славниот клуб ќе банкротира.

Scroll to Top