Поранешниот голем талент на српскиот фудбал и ексиграч на Реал Мадрид, Перица Огњеновиќ ќе биде нов тренер на клубот Звијезда 09 од малото село Станишиќи покрај Бјелина, последнопласираниот тим во Премиер лигата на Босна и Херцеговина.
43-годишниот Огњеновиќ, кој во кариерата покрај за Реал за кого настапи 12 пати, играше и за Црвена звезда, Кајзерслаутерн и Динамо Киев, претходно работеше како селектор на српската репрезентација до 18 години. По 22 кола, Звијезда 09 има само 8 поени и е на 10 поени од зоната за испаѓање.
Огњеновиќ во 1999 година го направи еден од најспектакуларните трансфери од просторите на поранешна Југославија, заминувајќи за Реал Мадрид за 5 милиони германски марки со годишна плата од тогаш огромни 1.2 милиони германски марки.