Top Sport

Перишиќ нема да добие нов договор – Интер следи двајца играчи на неговата позиција

Интер нема да му го продолжи договорот на Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец, по завршувањето на сезоната, доби дозвола да го напушти клубот.

Челниците на актуелниот италијански шампион внимателно следат двајца играчи, еден од нив ќе го заземе местото на Перишиќ.

Робин Госенс и минатата сезона беше желба на Интер, Германецот остана во Аталанта.

Втора мета е Филип Костиќ, кој летово покрај со Интер се поврзуваше и со Лацио.

Овие двајца фудбалери одлично се снаоѓаат во формацијата 3-5-2, која му е омилена на тренеорт Филипо Инзаги.

Scroll to Top