Директорот на Интер, Бепе Марота признава дека Иван Перишиќ изразил желба да си замине од „нераѕурите“, но дека засега нема „пристојни понуди“.
Перишиќ уште во текот на летото беше мета на Манчестер јунајтед, а сега и Арсенал се наводно заинтересирани за Хрватот. Тој не беше во составот за мечот против Торино, најавувајќи дека трансферот е блиску.
„Мораме да живееме во ситуација како повеќето клубови во овој период, односно да се справиме со фудбалерите кои сакаат трансфер. Ние го ислушавме Перишиќ и тоа е неговата желба. Сакаме да биде среќен, но мораме да видиме што е најдобро за нас. Во овој момент нема пристојни понуди, така што ќе чекаме“, изјави Марота за „Скај спорт Италија“.
Фото: ЕПА