Top Sport

Перишиќ се расплака по замената

Иван Перишиќ синоќа со капитенската лента околу раката ја предводеше Хрватска на натпреварот во Париз, против Франција во Лигата на нации.

Фудбалерот кој со Баерн оваа сезона освои три трофеи теренот го напушти во 66 минута. На неговото место влезе Марио Пашалиќ од Аталанта.

Камерата го улови Перишиќ како плаче на клупата. Хрватските новинари претпоставуваат дека причина за солзите е повредата со која се здобил во текот на натпреварот.

Инаку, во реприза на финалето од Светското првенство во 2018 година, Франција ја победи Хрватска со 4:2.

Scroll to Top