Top Sport

Перу последен учесник на Мундијалот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Перу е последниот учесник на Светското првенство кое од 14.јуни до 15.јули наредната година ќе се одржува во Русија.

Перу прв пат по 1982 година и Мундијалот во Шпанија ќе биде дел од едно светско првенство. Перуанците во првиот меч во Велингтон против Нов Зеланд одиграа 0:0, а во реваншот на домашен терен во Лима славеа 2:0.

Ветеранот Фарфан го постигна првиот гол за Перу во 28.минута, а конечните 2:0 ги постави Рамос во 62.минута.

Scroll to Top