Top Sport

Перуанците го средија Бразил (Видео)

Фудбалерите на Перу минимално го победија Бразил во пријателски меч одигран изминатата ноќ. Перуанците со оваа победа барем малку им се одмаздија на Бразилците за поразот во неодамнешното финале во Копа Америка.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Луис Абрам во 85 минута.

Со овој гол е ставен крај на серијата на Бразил. „Кариоките“ немаа пораз на претходните 17 натпревари. Ова е прв пораз за Бразилците по поразот од Белгија во четврт-финалето на Светското првенство во 2018 година.

Scroll to Top