Top Sport

Перуанскиот капитен Гереро се појави пред трибуналот на ФИФА

Капитенот на перуанската репрезентација, Паоло Гереро се појави пред дисциплинската комисија на ФИФА по позитивниот допинг-тест на кокаин на квалификацискиот дуел за СП во Русија 2018 против Аргентина во октомври.

Сослушувањето траеше околу четири часа, по што Гереро и покрај снегот делеше автограми на десетината навивачи на Перу на влезот во седиштето на ФИФА во Лозана, Швајцарија.

Перу се квалификуваа на СП во Русија, прв Мундијал по 36 години, но Гереро може да добие двегодишна суспензија и да го пропушти првенството. Гереро, кој игра во Фламенго во Бразил, во моментов отслужува 30-дневна суспензија поради која не играше на интерконтиненталниот бараж со Нов Зеланд.

33-годишниот Гереро, кој е лидер на тимот и има 32 гола во 83 настапи за репрезентацијата тврди дека е невин.

Поради „ненормален“ допинг тест суспендиран капитенот на Перу

Scroll to Top