Вечерва во 3:15 часот по македонско време ќе се одигра последниот бараж натпревар за пласман на СП во Русија и ќе се знае дали Нов Зеланд или Перу ќе биде последната нација на шампионатот. Перуанските шамани сакаат да обезбедат тоа да биде нивната селекција.
По 0:0 ремито на Нов Зеланд, Перу е фаворит за победа, но некои луѓе не сакаат сè да остават на случајноста.
Перуанските шамани пред „Националниот стадион“ во Лима со жива змија и со фотографија на новозеландскиот состав сакаат да им фрлат „клетва“ на „кивите“ пред клучниот меч. Наскоро ќе дознаеме дали тоа им успеало.
Ако не ви се отвара видеото, кликнете да го гледате директно на Јутјуб.