Поранешниот голман, но и директор на Лацио, Анџело Перуци влезе во остар напад на дологогидшниот претседател на клубот, Клаудио Лотито, велејќи дека си мисли дека е „допрен од Бога“, а немаше убави зборови ниту за спортскиот директор Игли Таре.
По пет години како координатор на тимот, поранешниот голман по честите судири со Лотито и Таре си замина ова лето од клубот. 51-годишниот Перуци вели дека нема можност за враќање.
„Нема да има таква можност, но не поради мене, туку поради претседателот Лотито. Има 10.000 позитивни работи околу него, но и две големи маани: сака да мудрува и мисли дека е ‘допрен’ од Бога. Тие две работи ги уништуваат сите добри работи. Мислите дека ќе може да ми се јави повторно, не верувам. Работев во клубот пет години, а тие ниту со соопштение не објавија дека си заминав, како да не вредев ништо во клубот. Не вредиш поради тие двајца. Го сакам Лацио со цело срце, поминав 10 години како играч и директор, но не ми даваа да ја вршам работата. Немав никаква моќ“, вели Перуци.
Lazio, Peruzzi a gamba tesa: "Lotito ha mille pregi, ma si crede unto dal Signore" https://t.co/d6HhHv8wKy
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) December 20, 2021