Top Sport

Пет години условна казна затвор за играч на Олимпјакос

Дефанзивецот на Олимпијакос Рубен Семедо доби пет годишна условна затворска казна во Шпанија откако е осуден за неколку кривични дела. Покрај тоа на Семедо му е забранет влезот во Шпанија во наредните осум години.

Кривичните дела Португалецот ги изврши во периодот кога го носеше дресот Виљареал. Грабеж, напад, киднапирање и поседување на оружје се делата за кои е осуден Семедо. Кога беше уашсен пет месеци мина во затвор.

Делата за кои беше обвинет Семедо ги признал.

Семедо поради напад и киднапирање беше уапсен ан 20 февруари 2018 година. Вољареал веднаш го суспендираше и му ги укина платите, а на крајот го продаде во Олимпијакос.

Scroll to Top