На досегашните 20 светски првенства постигнати се 50 хет-трика, а четворица фудбалери два пати постигнале по три гола на натпревар.
Американецот Бред Петенду е првиот што постигнал хет-трик на светско првенство. На првото СП, во 1930 година, тој ги постигнал трите гола со кои САД го победиле Перу. Два дена подоцна, Аргетнина го победила Мексико 6:3, а три гола постигнал Гиљермо Стабиле.
Унгарецот Ласло Киш е фудбалерот што најбргу постигнал три гола на СП. На мундијалот во Шпанија, во 1982 година, Киш за седум минути, од 70. до 77.минута, постигнал три гола. Интересно, тој како резерва влегол во игра и е единствениот во историјата на СП со такво остварување.
Единствениот фудбалер што успеал да постигне три гола во финале е Англичанецот Џеф Хрст. Тој постигнал три од четирите гола со кои англија ја победи Германија 4-2, во финалето на СП во 1966 година.
Единствен играч што на две различни светски првенства постигнал три гола на еден натпревар е Аргентинецот Габриел Омар Батистута. Интересно двата натпревари се одиграле на 21.јуни. Во 1994 година Батистута постигнал хет-трик против Грција, а во 1998 година против Јамајка.
Два пати хет-трик постигнале Унгарецот Шандор Кочиш против Северна Кореја и СР Германија на СП во 1954 година, Французинот Жист Фонтен, против Парагвај и СР Германија во 1958 година и Герд Милер, на СП во 1970 година, против Бугарија и Перу.