Top Sport

Петер Шмајхел се сврши со прекрасната Лаура вон Линдхолм

Легендарниот голман на Манчестер јунајтед и данската репрезентација Петер Шмајхел го искористи одморот на Малдивите за да се сврши со поранешниот модел Лаура вон Линдхолм и се пофали на социјалните мрежи

46-годишната Лаура ќе биде втора сопруга на 55-годишниот Шмајхел откако тој се разведе со својата љубов од детството Бенте во 2013 година по три децении заедно. Со Бенте, Шмајхел има две деца – ќерката Сесили и синот Каспер, инаку голман на Лестер сити.

Шмајхел со Манчестер јунајтед освои пет титули од Премиер лигата, три ФА купа и еден трофеј од Лигата на шампионите, а со Данска го освои европското злато во 1992 година. Потоа тој играше за Астон Вила и за лутите ривали на Јунајтед, Манчестер сити пред да се пензионира.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');