Top Sport

„Петка“ од Ливерпул за фенерџијата Свонси (видео)

Ливерпул уште еднаш ја покажа својата офанзивна моќ, декласирајќи го Свонси со 5:0 во последниот меч од „Боксинг деј“ програмата во Премиер лигата.

„Црвените“ дојдоа во водство уште во седмата минута, кога Филип Кутињо постигна прекрасен гол, но вистинската „експлозија“ се случи во второто полувреме, кога Роберто Фирмино (двапати), Трент Александер-Арнолд и Александер Окслејд-Чембрлен беа прецизни.

Со победата Ливерпул се врати на четвртото место со 38 поени, еден повеќе од Тотенхем. Свонси е убедливо последен со 13 освоени поени.

Scroll to Top