Top Sport

„Петлите“ без муниција кај Вотфорд, се спасија и од пенал (видео)

„Малиот“ клуб од Лондон одигра 0-0 против поголемиот Тотенхем предводен од Жозе Мурињо во рамки од 23. коло на Премиерлигата.

Тотенхем во офанзивна формација го започна лондонскиот меч, но сепак не успеаја да го скрши отпорот на домашната екипа која игра одлично на свој терен.

Тотенхем во првото полувреме преку Лукас Моура ја пропушти најголемата шанса за водство.

Во второто полувреме играта стана подинамична, двете екипи тргнаа по трите бода.

Вотфорд беше поблиску до победата откако во 70 минута беше досуден пенал во негова корист. Сепак гостинскиот голман го одбрани ударот на Дини.

Scroll to Top