Фудбалскиот клуб Црвена звезда преку соопштение ја извести јавноста во Србија дека петмина фудбалери биле заразени со коронавирусот. По направените тестови позитивни на вирусот биле Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Бранко Јовичиќ и Марко Конатар.
Гобељиќ, Петровиќ, Јованчиќ и Конатар имале симптоми пред натпреварот со Ппролетер во саботата, истиот ден биле тестирани и тие не биле на стадионот и на прославата на титулата. Од друга страна Јовичиќ имал позитивен тест иако не покажувал никакви симптоми.
Клубот извести дека фудбалерите се чувствуваат добро и дека нивната здравствена состојба внимателно се следи.
Поради петмината позитивни во клубот биле тестирани и останатите членови и нивните тестови биле негативни.