Арсенал и Ливерпул одиграа забавен меч полн со пресврти на „Емирати“, одбележан со неверојатни шест минути во второто полувреме, кога „црвените“ прво поведоа за 0:2 водство, за на крајот да губат со 3:2.
Ливерпул стигна до водство во 26. минута кога Мохамед Салах одлично го најде Филип Кутињо кој го совлада Чех, резултат со кој се отиде и на полувреме. Од првите 45 минути, навивачите на Арсенал откако тимот не упати ниту еден удар кон противничкиот гол.
Во 52. минута, Салах, уште еднаш покажувајќи дека е во неверојатна форма, постигна уште еден гол и се веруваше дека Ливерпул веќе ги има обезбедено трите поени на тешкото гостување.
Сепак, тогаш следуваше неверојаниот „блиц-криг“ на „топчиите“ за само 388 секунди! Алексис Санчез, Гранит Џака и Месут Озил за само пет минути му дадоа три гола на Симон Мињоле во неверојатно шоу на напаѓачки фудбал, но и на слаба одбрана на гостите.
Мечот да не биде вистинска катастрофа за Ливерпул се потруди Фирмино, кој во 71. минута израмни на 3:3.
Со по еден поен, Ливерпул и Арсенал ги задржаа местата на табелата. Ливерпул е четврти со 35 поени, а Арсенал се на петтото место со 34 поени, далеку зад лидерот Манчестер сити кој има 52 поени со меч помалку.