Top Sport

Петреску вербално го нападнал Мажиќ, доби седум натпревари суспензија (Видео)

Тренерот на кинескиот прволигаш Гуеџоу и некогашен репрезентативец на Романија, Дан Петреску, бидејќи вербално го навредувал судијата Милорад Мажиќ на натпревар во првенството на Кина.

Еден од најдобрите светски судии со своите помошници го водел дуелот помеѓу последно пласираниот Гуеџоу и Пекинг Гуан, тим што се бори за титулата. Тој му покажал црвен картон на Петреску во 40.минута при резултат 0:0.

Поради инцидентот што го предизвика Петреску доби голема казна од лигата.

Романецот до крајот на сезоната нема да може да го води од клупата својот тим. Петреску е суспендиран на седум натпревари, а казнет е и парично со 6.000 евра.

Инаку натпреварот завршил со победа на Пекинг Гуан 3:2.

Scroll to Top