Top Sport

Петриќ: Сон е ист како Ибрахимовиќ, без да биде арогантен

Порнешниот хрватски репрезентативец, Младен Петриќ вели дека неговиот поранешен согирач Сон Хеун-Минг ја има истата самодоверба како Златан Ибрахимовиќ, но без да е арогантен како Швеѓанецот.

Петриќ, кој играше покрај Сон во Хамбургер, вели дека 30-годишниот Кореец постојано верувал дека може да биде врвен фудбалер и секогаш зборувал за своите способности, иако го следи репутација на скромен човек во Тотенхем, за кои има постигнато 134 гола.

„Најмногу ме импресионираше што уште во првата сезона беше полн со самодоверба. Речиси исто како Златан Ибрахимовиќ, но не се однесуваше како него, туку секогаш беше многу пристоен човек со двете нозе н земја. Но, кога зборуваше со другите на негова возраст, секогаш им велеше: ‘Ќе станам најдобар на светот’“, вели Петриќ во интервју за „Атлетик“.

Scroll to Top