Трофејниот тренер Антонио Конте и Тотенхем постигнале договор за тригодишна соработка. Италијанскиот тренер ќе заработува 15 милиони евра годишно како менаџер на клубот од северен Лондон.
Додека се чека Тотенхем официјално да го потврди Конте како нов тренер, медиуми се занимаваат со можните засилувања во преодниот рок.
„Мирор“, тврди дека Конте побарал од газдата Даниел Леви да му ги донесе овие пет фудбалери: Иван Перишиќ, Милан Шкринијар, Крситијан Ериксен, Немања Матиќ и Оливие Жиру.
Интересно, првите тројца, во одделени делови од минатата сезона, немаа место кај Конте во тимот на Интер.