Top Sport

„Пијан доаѓав на тренинзите на Реал“

Сисињо е поранешен играч на Реал Мадрид кој по завршувањето на кариерата нема проблем да признае дека во текот на животот имал големи проблеми со алкохолизмот.

Сисињо, за Рела играше од 2005 до 2007 година. Во еден подкаст тој раскажал за проблемите со кои се соочувал.

„Ако ме прашате дали некогаш сум тренирал пијан во Реал Мадрид, ќе речам да тренирав. Пиев кафе за да го скријам здивот и се „бањав“ во парфеми“, откри Бразилецот.

„Кога имав 13 години, прв пат пробав алкохол и никогаш не престанав. Живеев на село и за време на викендите се среќавав со пријателите и излегував по дискотеки, секогаш барав од постарите да ми купат алкохол“, изјави играчот кој во Реал ја делеше соблекувалната со Роналдо, Зидан, Бекам, Фиго и Роберт Карлос.

„Алкохолот ве опкружува со луѓе кои сакаат таков живот, а луѓето што ги сакате остануваат надвор од тој круг. Кога ќе удрите во ѕид, тие ви велат дека не е во ред, но не сакате да ги послушате“, изјави Сисињо.

Сисињо уште додека беше активен играч имаше проблеми со алкохолот и поради тоа не успеа да направи поголема кариера. Играше и за Рома, Виљареал, Ботафого, Сао Паоло.

Scroll to Top