Top Sport

Пикантни детали од животот на Касано во Мадрид

Еден од најконтроверзните фудбалери во 21.век, Антонио Касано, ја објави својата автобиографија, а некои италијански медиуми објавуваат делови од неа. Касано, на големата сцена стапна како еден од најталентираните напаѓачи во светот. Играше во Бари, потоа во Рома, па во Реал Мадрид и тоа во ерата на „Галактикос“.

Член на Реал стана на 24-годишна возраст, а во автобиографијата открива и некои детали од престојот во Мадрид.

Живеел во хотел, Касано развил пријателство со еден од келнерите и склучил интересен договор.

„Се спријателив со еден келнер. Неговата работа беше, откако ќе имав секс, да ми донесе три-четри кроасани. Тој ќе ми ги донесеше кроасаните до скалите, а јас него ќе му ај донесев девојката, едноставно правевме размена. Тој ќе ја земеше девојката, а јас ќе се декласирав со кроасаните. Секс плус храна, совршена ноќ“, напишал Касано.

За потсетување, во неколку интервјуа, Касано, говори дека бил интимен со преку 600 жени.

Касано играше за Реал од јануари 2006 до август 2007 година. Многумина тврдат дека токму во тој период му пропаднала кариерата.

Scroll to Top