Жерард Пике вели дека нема шанса да облече дрес на некој друг клуб освен Барселона додека е активен фудбалер и моментот кога ќе му кажат дека веќе не е потребен во каталонскиот гигант, веднаш заминува во пензија.
„Денот кога ќе престанам да играм за Барселона, ќе го напуштам фудбалот, никогаш не одам во друг тим. Ако Роналд Куман ми каже дека веќе не ме сака, тогаш е готово. Имам страст само да играм за Барса, нема шанси да облечам друг дрес“, вели Пике.
Дури и да добие „куп“ пари?
„Во овој момент веќе не е прашањето за пари. Бесценето е да си дома, со своите пријатели, со своето семејство, со клубот кој го сакаш. Со повеќе пари нема да имам повеќе среќа. Не ми е потребно ништо друго“, додава Каталонецот.