Вчера, Луис Суарез имаше прилика да игра против „своите“ Барселона на „Ноу Камп“ во дресот на Атлетико Мадрид и и покрај тоа што уште има врски со каталонската престолнина, на некои поранешни соиграчи не им пречеше да му „преречат“.
Суарез во финишот на првото полувреме се обиде да извлече пенал по минималниот контакт со голманот Марк-Андре Тер Штеген, по што ниту Германецот, ниту Жерард Пике не му простија.
Тер Штеген прво му вика: „Луис!“, а потоа Пике му прати јасна порака: „Ајде, дебел, не се зезај со нас“. Суарез го праша Тер Штеген: „Имаше ли контакт или не?“, на што голманот одговори: „Ајде, тоа беше мојата рака, а не моето стапало“.