Жерард Пике јавно побара од Лионел Меси да размисли убаво и да остане во Барселона, бидејќи не сака да загуби уште еден клучен играч од неговата генерација по Луис Суарез.
Меси летово се обиде да замине од Каталонија без отштета, велејќи дека ситуацијата во клубот станала неиздржлива поради лошото водство на претседателот Жозеп Марија Бартомеу, но на крајот мораше да остане уште една сезона поради валидниот договор. Сега, Бартомеу е минато, а новите претседателски избори ќе се оддржат во јануари и Пике вели дека неговиот стар пријател може да биде разубеден.
„Ќе мора да го прашате Лео дали ќе го продолжи договорот, бидејќи јас не знам. Сите се надеваме дека ќе остане, но тоа е многу лична одлука за него. Додека е тука со нас постои надеж, се надевам дека ќе успееме да го убедиме. Ми беше многу жал кога Луис замина бидејќи помиан во клубот многу години и делевме многу искуства. Да, играте само 90 минути на теренот, но поминувате многу часови со тие луѓе“, вели Пике во интервју за „Радио Марка“.