Top Sport

Пике и Рамос во љубовен бакнеж на графити во Барселона

Во обид да се намали тензијата пред утрешното „Ел класико“, графити мајсторите во Барселона се погрижија со интересна слика на која Жерард Пике се бакнува со Серхио Рамос.

Инспирирани од славната фотографија на која лидерот на СССР Леонид Брежнев се бакнува со источногерманскиот лидер Ерих Хонекер на Берлинскиот ѕид, уметникот „Твбој“ сакаше да прати порака на смирување.

„Шпанија, бакни се и разговарај“, пишува под графитот.

Scroll to Top