Џерар Пике би можел да биде во првиот тим на Барселона,з а натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Барселона, во вторник, ќе му биде домаќин на ПСЖ, во првиот осмина-финален натпревар во шампионската Лига.
Медиумите објавија дека Пике, во неделата, тренирал со соиграчите, а дали ќе игра против „светците“, Роналд Куман, ќе реши по утрешниот тренинг.
Пике се повреди пред три месеци, на 21.номеври минатата година, во текот на натпреварот со Атлетико во Мадрид.
Во еден судар со Анхел Кореа, Пике, ги оштети лигаментите во десното колено.